Audi го тестира новиот RS7 во екстремни услови
На интернет просторот се најдоа фотографии од тест прототипот на новата генерација на набилданиот модел Audi RS7
Машината моментално се тестира под екстремни зимски услови во Шведска, а неговата светска премиера се очекува да биде следната година.
Најмоќната варијанта на Audi A7 се одликува со големи цевки на издувниот систем, проширените калници и огромните карбон- керамички сопирачки на тркалата. Тие се преземени од суперѕвездите на Lamborghini. Според информациите на Car, новиот Audi RS7 ќе добие V8 мотор со две турбини, кој ќе развива моќност од 600 КС.
Во компанијата сепак не планираат да запрат тука и ќе понудат дополнителен спортски пакет Performance, со чија помош моторот ќе развива барем 640 КС. Се претпоставува дека изведбата ќе добие и верзија со хибриден погон, во чија основа ќе биде V8 бензински агрегат со 550 КС во комбинација со електричен мотор, кој моќта на овој автомобил ќе ја зголеми на 710 КС.