Audi SQ5 TDI со 347 КС и 700 Nm доаѓа на лето
Audi објави дека новото SQ5 TDI ќе биде лансирано на европскиот пазар во летото оваа година, а неговите сопственици ќе можат да се потпрат на максимална моќност од 347 коњски сили и импресивен максимален вртежен момент од 700 Nm
Audi SQ5 TDI е опремен со 3.0 агрегат во V облик, со шест цилиндричен турбо дизел кој е комбиниран со MHT (mild hybrid technology, 48 V) хибриден помошен систем за постигнување на подобра економичнст. Компактниот спортски SUV модел е опремен исто така со осумстепена роботизирана менувачка кутија и систем за погон на четири тркала quattro, а како дополнителна опрема се нуди и воздушна суспензија.
Од Audi велат дека SQ5 TDI ќе понуди можност за класичното забрзување од 0 до 100 km/h за 5.1 секунди, максимална брзина на движење од 250 km/h, а за просечна потрошувачка на гориво од брендот посочуваат дека ќе се движи од 6,6 до 6,8 литри на 100 километри.