fbpx

Audi TT би можел да стане електричен кросовер

Подолго од една година се зборува за судбината на Audi TT, но сите досегашни информации кои се појавија не се покажаа како вистинити

Последната таква шпекулација е дело на германските медиуми, кои јавуваат дека TT во иднина ќе добие форма на кросовер и ќе користи погон исклучиво на електрична енергија. Подолго време кружеше приказна дека Audi е подготвен да го опстане TT како електричен спортски автомобил, бидејќи перформансите кај ваквите возила се одлични, а самата компанија брзаше кон електрификација и на тоа се гледаше како решение.

Пред тоа, германскиот производител наводно посакувал неговиот спортски модел да остане достапен како купе и роудстер модел, па во понудата да му се додаде уште една варијанта – gran coupe, односно купе со четири врати. Ниту оваа идеја не звучела неизводлива, бидејќи конкурентите на Audi веќе имаат слични модели. Најновата вест вели дека Audi TT ќе стане електричен кросовер со купе силуета. Наводно, следната генерација ќе биде поставена на MEB платформата и ќе биде долга околу 4,5 метри.

Design-Skizze Exterieur

Германците веруваат и дека Audi ќе понуди две верзии, со помала и поголема автономија на движее. Онаа варијанта која ќе има помал домет, ќе може со едно полнење на батериите да мине 350 километри и ќе располага со батерии со капацитет од 65 kWh. Второто издание ќе користи батерија со капацитет од 80 kWh и ќе има автономија на движење од 500 километри.

Audi TT

Кога станува збор за моќноста, се истакнува дека Audi TT во кросовер форма би требало да испорачува меѓу 300 и 400 КС. Тоа би требало да овозможи забрзување од нула до „стотка“ за помалку од пет секунди. Дали германските медиуми се на трагата на нешто што има врска со вистината, ќе покаже времето. Она што е познато е дека актуелниот, спортски Audi TT на пазарот ќе остане до 2022 година, што значи дека има уште многу време за да дојде до нови планови за иднината на овој модел.

Поврзани вести

Back to top button