fbpx

Audi започна со производството на Q4 e-Tron

Audi го започна производството на својот електричен SUV модел Q4 e-Tron во фабриката во Цвикау, Германија, каде се произведува и Volkswagen ID.4

Иако официјалната премиера е закажана за следниот месец, Audi не чека кога станува збор за производството на новиот Q4 e-Tron електричен SUV модел, кој ќе биде базиран на истата платформа како и Volkswagen ID.4. Од Audi велат дека производството е карбон-неутрално уште од самиот старт, со тоа што фабриката ги покрива енергетските потреби користејќи обновлива енергија.

Кога новиот електричен модел на Audi ќе го достигне крајот на својот животен век, батеријата ќе биде рециклирана или ќе се користи во одредени концепти. Исто така, германската марка ќе ги минимизира емисиите на јаглерод диоксид во вредносниот ланец.

Q4 e-Tron

„Со стартот на производството на Audi Q4 e-Tron, Volkswagen погонот во Цвикау сега е мултибренд фабрика. Како резултат на тоа, испишуваме уште едно поглавје со долгата историја на автомобилската индустрија тука во Саксонија. Сакам да им се заблагодарам на сите вработени во Audi кои во моментов ги произведуваат автомобили со највисок квалитет, со претходно договорени обеми и во сите предвидени рокови“, изјави претседателот на извршниот одбор на Volkswagen Саксонија, Штефан Лот.

Audi Q4 e-Tron на пазарот ќе се спротистави на Tesla Model Y, Mercedes-Benz EQB, BMW iX, Ford Mustang Mach-E, Nissan Ariya и Genesis JW, како и своите „роднини“ од Volkswagen и Škoda, моделите ID.4 и Enyaq. Премиерата на новиот електричен SUV ќе се одржи во април, а точниот датум ќе биде соопштен наскоро.

Моделот ќе се најде во продажба ширум Европа ова лето, а меѓу останатите карактеристики ќе има и head-up екран со проширена реалност, контроли чувствителни на допир на управувачот и рециклирани материјали во целата кабина.

Поврзани вести

Back to top button