fbpx

Audi започна со производството на новиот A3 Sportback

Германскиот бренд го гордост со објави почетокот на производството на новата генерација на компактниот Audi A3 Sportback

Премиум хечбекот ќе се склопува во фабриката која е лоцирана во „родниот“ Инглоштат, како што беше случајот и со првата генерација која на пазарот се појави уште во 1996 година. Со цел да може да ја извршува зададената задача, производствената линија во фабриката во Инглоштат мораше да биде прилагодена на специфичните барања за склопувања на четвртиот по ред модел кој ќе ја носи ознаката Audi A3 Sportback. Така, најголемиот обем на интервенција претрпе одделението посветено на работите на каросеријата.

Заинтересираните купувачи веќе сега можат да пристапат до продажните советници на луксузната марка од групацијата на Volkswagen, ширум европскиот континент. Првите кучувачи кои ќе се израдуваат на првиот примерок на Audi A3 Sportback, ќе го добијат својот автомобил почнувајќи од мај.

Инаку, кога станува збор за спецификациите, новиот A3 Sportback во основната верзија во моментов се напојува со 1,5-литарскиот TFSI мотор кој испорачува 150 КС. За оние кои ќе се одлучат за дизел верзија, достапни се две 2,0-литарски единици. Послабата испорачува 116 КС, додека помоќната е еквивалент на споменатиот бензинец. На почетокот ќе бидат достапни верзии само со преден погон, со стандардниот шестстепен мануелен или опциониот седумстепен S-Tronic автоматски менувач со двојна спојка.

Плановите на Audi се во некој одреден момент од животниот век на овој комактен модел да ја прошири палетата на агрегати со микро хибриди, но ќе додаде и plug-in хибридни верзии. Јасно е дека ќе видиме и хотхеч верзии како S3 и RS3.

Поврзани вести

Back to top button