Новиот Audi A6 ќе добие автопилот
Audi ќе ја опреми новата генерација А6 со систем за автономно движење. Составот ќе може да го преземе управувањето при брзина до 60 km/h на патишта кои се обезбедени со огради
Функцијата се активира со притискање на копче Al на централната конзола.
Кога системот не ќе може повеќе да управува со автомобилот, поради одредени настанати ситуации, ќе го извести возачот и ќе се изгасне. Аналогна технологија за првпат беше прикажана кај новото Audi A8, претставено во септември оваа година на автосалонот во Франкфурт. На интернет просторот се најдоа фотографии на тест прототипот на A6, од кои се гледа дека тој личи на новото Audi A4. За надворешноста на моделот се погрижи главниот дизајнер на брендот Марк Лихте, кој ја презеде оваа функција во Инголштат во 2014 година.
Според информациите, Audi A6 ќе се појави и со верзиите Avant и Allroad. Моторите ќе бидат 4 и 6-цилиндерски бензински и дизел. Ќе се нуди и хибридна модификација, а е сосема можно да излезе и целосно електрична верзија. Благодарение на употребата на нова платформа, моделот ќе биде околу 100 килограми полесен од својот претходник. Премиерата на новото Audi A6 е предвидена за првата половина на 2018 година, а негови главни ривали остануваат BMW 5 и Mercedes E- Class.