Autobest Gala Awards годинава ќе се одржи на 9-ти јуни во Стразбург
Најновото издание на Autobest Gala Awards оваа година ќе се одржи на 9-ти јуни во градот Стразбург, а точната локација ќе биде објавена на денот на одржувањето
Стразбург е главен град на Европа и официјален дом на Европскиот Парламент. Одлуката Autobest да го организира гала настанот во Стразбург е длабоко поврзана со ориентацијата да се стане поблизок со желбите на европските купувачи. Годинава локацијата на настанот нема да биде јавно објавена до денот на одржувањето.
21-вата едиција е креирана околу интригирачки концепт, потенцирајќи ја француската култура. Дан Варди, оснивач и претседавач на Autobest рече:
„Според нашата традиција еднаш во 32 години правиме настан во некоја од земјите членки посакаме добредојде на водечкиот мотористичките медиумски настан во Европа и во Светот. Оваа година тоа е Франција. Autobest ги претставува Европските мотористи, давајќи им проверени информации што е најдобро од автомобилската индустрија, од „Best Buy Car of Europe“, со специјални признанија посветени за остварување во полето на технологија, дизајн, конективност, мотоспорт итн.
Во текот на Gala Awards, врвното европско признание, Best Buy Car of Europe 2022, ќе биде предадено на Dacia, за 100% електричниот Dacia Spring. Останатите награди што ќе бидат врачени во текот на церемонијата се:
•COMPANYBEST 2022 : Pininfarina S.p.A
•MANBEST 2022: Mate Rimac
•ECOBEST 2022: Renault Megane E-Tech
•SAFETYBEST 2022: Isuzu D-Max
•SMARTBEST 2022: Mercedes-Benz MBUX Hyperscreen
•SPORTBEST 2022: Alejandro Agag, Founder of Formula E and Extreme E
• DESIGNBEST 2022: Walter de Silva
Организацијата Autobest е основана 2001 година со револуционерен концепт „највреден автомобил за парите“ достапен на европскиот пазар. Вкупно 31 европска нација е застапена во жирито, плус Русија која е привремено суспендирана, и го преставува огромно мнозинство на европската популација. Еден автомобил да стане победник на Autobest мора да ја претставува најдобрата понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, дистрибуцијата на резервни делови и разноврсноста се најважни критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии станаа важни критериуми во гласањето. Autobest користи транспарентен систем на гласање со комплексна матрица сочинета од 13 критериуми за да го избере победникот.