fbpx

На гала вечер во Салцбург доделени AutoBest наградите

Годинешново 17-то по ред издание на AutoBest беше крунисано со гала вечерта, која овој па се одржа во Салцбург

Жирито што ја доделува Best Buy Car of Europe титулата, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена и овој пат на едно место ги собра водечките луѓе од светските производители, голем број гости и експерти од светот на автомобилизбмот. Високо ценета меѓу сите, оваа независна манифестација во автомобилската индустрија во Европа, важи за настан со уметнички концепт.

Во тој дух беше одржана и овој пат, во знакот на Моцарт и неговиот животен опус, кој е роден во Салцбург. Исклучителната архитектура на славната Salzburger FestspielHaus која датира од 1668 година понуди пријатна и релаксирачка атмосферата во која уживаа сите, а најмногу претставниците на Citroen, чиј C3 Aircross е годинешен носител на AutoBest титулата.

AutoBest

Задоволство на лицата се гледаше и кај освојувачите на останатите награди – Jaguar Land Rover (CompanyBest), Ли Шуфу – Geely (ManBest), Seat (SmartBest), Марек Рајхман – Aston Martin Lagonda (DesignBest), PSA групата (EcoBest), Toyota (SafetyBest) и Фриц Енцингер – Porsche (SportBest). Честа прв да зачекори во AutoBest алејата на славните ја имаше господин Волфганг Порше, претседателот на надзорниот одбор на автомобилскиот производител и холдингот кои го носат неговото семејно име.

Поврзани вести

Back to top button