fbpx

Automechanika го лансира настанот FIA Smart Driving Challenge

Automechanika Frankfurt заедно со шведската компанија за вештачка интелигенција Greater Than го лансираат FIA Smart Driving Challenge

Најголемиот светски трговски саем, организатор на конгреси и настани со свои изложбени простории, Messe Frankfurt, се здружи со шведската компанија за вештачка интелигенција Greater Than, во име на Светската автомобилистичка федерација (FIA) со цел да го лансира FIA Smart Driving Challenge настанот, предизложбена активност за охрабрување на луѓето да возат на еден попаметен начин.

Креиран од страна на FIA за да ги охрабри возачите да придонесат за побезбеден и почист свет, FIA Smart Driving Challenge, кој ја стартува својата трета сезона во април годинава, е првиот предизвик во светот кој наградува паметно, безбедно и еколошко возење.

Организиран околу неделни предизвици за време на оваа пролет, настанот посветен на изложувачите и посетителите на трговскиот саем Automechanika Frankfurt ќе биде направен по примерот на глобалниот FIA SDC и ќе ги покани учесниците да се предизвикуваат во паметно возење, користејќи ја FIA SDC апликацијата конектирана до нивниот автомобил преку Bluetooth.

Ола Мусхоф, дирекоторот на Automechanika Frankufrt истакна: „Ние сме среќни да влеземе во една ваква авантура и ќе ја искористиме шансата да ги донесеме сите акционери на едно место со заедничка мисија за одржливо возење и засилување на позитивните вмрежувачки ефекти“.

Greater Than користи вештачка интелигенција (AI) со цел да ги евалуира возачките шеми во реално време. Enerfy AI е истренирам во возачки податоци од 2004 година и ги идентификува реалните возачки шеми со 99,98% прецизност до фактички ризик и ниво на веројатност на несреќа. AI платформата ги споредува овие шеми со датабаза со речиси милијарда уникатни возачки ситуации, базирани на анализа од речиси 130 милијарди километри возење. Enerfy користи и анализира длабоки детали до повеќе датасетови по секунда. Секоја секунда во датасетот креира возачка шема која вештачката интелигенција ја евалуира во реално време и го преведува ризикот и карбонскиот отпечаток.

„Со цел да се пренесе пораката на безбедно и еколошко возење заедно со Messe Frankfurt, најголемиот трговски саем на светот е одлична можност за понатамошно зголемување на свесноста околу безбедноста на патиштата и одржливото возење“, изјави Лиселот Јохансон, извршен директор на Greater Than.

Поврзани вести

Back to top button