fbpx

Automechanika го продолжува партнерството со APRA

По соработката со престижната APRA на годинешното специјално издание на Automechanika, донесена е одлука за продолжување на партнерството и во иднина.

Ремануфактурата – тема која станува значително поважна во ера на климатски промени и намалени ресурси – ќе биде застапена и на следното издание на саемот. Тоа значи дека повторно ќе има Ден на Ремануфактура, каде посетителите ќе можат да научат за најновите трендови и развои.

Менаџментот на Automechanika и APRA донесоа одлука да го продолжат партнерството во следните години. APRA е единствената глобална асоцијација која ги претставува интересите на автомобилските ремануфакторски компании. Тие играат клучна улога во напорите за достигнување на циркуларна економија, бидејќи ремануфактурата нуди огромни еколошки бенефити и придонесува со голема врредност како алтернатива на новите производи на афтермаркетот. Ремануфактурата зачувува еквивалент на милиони тони CO2 на годишно ниво, овозможува заштеда на CO2 до 90 проценти и материјални заштеди до 85 проценти.

„Во време на климатски промени и недостаток на ресурси, важноста на циркуларната економија и ремануфактурата со сигурност ќе растат. Затоа ми е огромна чест да го продолжиме нашето партнерство со APRA, која е најважниот претставник на оваа индустрија“, изјави Олфа Мусхоф.

И асоцијацијата и Automechanika ќе имаат бенефит од ова партнерство. Automechanika ќе ја привлече вредната експертиза на APRA и големата меѓународна мрежа, додека пак APRA од друга страна ќе може да се покаже на исклучителната платформа каде понатаму ќе може да го издигне профилот на циркуларната економија и ремануфактурата во автомобилскиот афтермаркет.

„Преку успешна и професионална соработка со Automechanika Frankfurt, темата за ремануфактура ќе добие уште поважна улога во автомобилскиот афтермаркет, а публиката ќе стане посвесна за нејзините предности“, зјави Даниел Колер, претседател на APRA Europe.

Според плановите, ќе се воспстави Remanufacturing Day на следното издание на Automechanika. Овој ден, кој е дел од Automechanica Academy, им дава шанса на експертите да дискутираат за важни прашања и развојот во полето на ремануфактурата. Посетителите можат да дознаат повеќе информации на самиот настан или пак на вебсајтот на Automechanika.

Поврзани вести

Back to top button