fbpx

Automechanika ја проширува програмата со Let’s Talk Business

Automechanika започнува нова онлајн програма на англиски јазик со нови „ток серии“ за индустријата на крајот од октомври под името Let's Talk Business

Програмата која ќе биде лансирана под брендот на Automechanika под името Let’s Talk Business ќе биде насочена кон индустријата и трговијата, а првата серија започнува на 30 октомври, кога најголемите меѓународни добавувачи ќе се сретнат да разговараат за влијанието на коронавирусот врз автомобилскиот „афтермаркет“.

По одличниот успех кој го забележа Automechanika Sneak Preview дигиталната офанзива која примарно беше насочена кон германскиот сектор на работилници, најголемиот трговски саем за секундарниот автомобилски пазар планира нов дигитален формат за својата меѓународна публика. Со новата понуда, Automechanika ги зближува клучните меѓународни играчи, асоцијации и поддржувачи од автомобилскиот афтермаркет со цел да се разговара за неодложни теми како дел од серијата на разговори наречени Let’s Talk Business

Дигиталниот настан започнува на 30 октомври, а една од темите кои ќе бидат покриени се однесува на предизвиците со кои се соочува ланецот на снабдување во време на коронавирус. Дел од овој настан ќе бидат докажани лица од сферата на секундарниот автомобилски пазар.

„Нашите серии имаат за цел да ја илустрираат меѓународната важност на Automeсhanika брендот и мрежата и да се нагласи сето ова за сите наши клиенти. Овој формат ни дава шанса направиме меѓународна размена на погледи за клучни индустриски теми“, изјави Олаф Мусхоф, директорот на Automechanika Frankfurt.

Сите разговори ќе бидат снимани и потоа ќе бидат достапни во видео формат на официјалниот вебсајт www.automechanika.com.

Онлајн работилниците и фимовите кои ќе траат до средината на ноември како дел од Sneak Preview забележаа огромен успех. Automechanika успеа да забележи потенцијален досег од повеќе од 100.000, а работилниците и филмовите биле прегледани повеќе од 25.000 пати. Овие бројки продолжуваат да растат, тврдат од Automechanika.

Поврзани вести

Back to top button