fbpx

Aventure Peugeot со реставрација на 205 GTi

По повод 210-годишнината на Peugeot, здружението Aventure Peugeot започнува нов проект посветен на реставрација и продажба на ретро возила

Aventure Peugeot започнува активност за реставрирање на „vintage“ возила од гамата на Peugeot и нивна продажба. Целиот проект ќе се одвива во работилниците на Musée de l’Aventure Peugeot во Сошо каде ќе се реставрираат автомобилите, по што ќе добијат сертификат за автентичност на крајот пред да бидат пуштени во продажба.

Првиот автомобил кој ќе мине низ третманот на реставрација е легендарниот Peugeot 205 GTi со 1,9-литарски мотор. Реставрацијата ќе се извршена во работилниците на Aventure Peugeot во Сошо, а целта меѓу другото е и потенцирање на талентот и знаењето на вработените специјализирани за различни занаети кои се од големо значење за квалитетна обнова.

Овој проект може да се реализира единствено благодарение на набавката на резервни делови. Аventure Peugeot работи на ова поле седум години и го трансформираше својот магацин за логистикa, зголемувајќи ги своите залихи. За оние делови кои недостасуваат, здружението ќе ги повика на помош своите традиционални подизведувачи за да ги обезбедат истите. Доколку некој дел веќе не може да се произведува, тогаш како опција ќе се искористи на „3D принт“ технологијата.

Aventure Peugeot

Од 2021 година, на страната на здружението, ќе има место посветено на квалитетно реставрираните возила со печат „Par l’Aventure Peugeot“. Приватните возила исто така ќе бидат достапни на ова место откако ќе ја добијат ознаката за „квалитет“.

Поврзани вести

Back to top button