fbpx

Светскиот пазар на автомобили под закана дека ќе пропадне

Продажбата на нови автомобили на најголемите пазари во светот почнува да опаѓа за прв пат по финансиската криза во 2008-2009 година поради заситеноста и стравувањата за светска трговска војна, соопштува The Wall Street Journal

Според прогнозата на LMC Automotive продажбата на автомобили во светот во 2018 година ќе се зголеми за 1,8%, додека просекот на раст во последните 7 години е поголем од 5%. Вкупниот обем на продадени автомобили оваа година се очекува да биде 97 милиони.

Во Кина, најголемиот автомобилски пазар во светот, се очекува само 1,2% раст. Во јули, продажбата во земјата падна за 5,9% на годишно ниво или 1,59 милиони возила. Важен негативен фактор за Кина беше воведувањето на реципрочна царина за увозот на автомобили произведени во САД – царинската стапка сега е 40%. Тоа ги принуди автомобилските прозводители како Tesla, BMW и Daimler да ги покачат цените што пак удира по побарувачката на нивните производи.

автомобили

Во САД, вториот по големина автомобилски пазар, продажбата на автомобили во 2018 година може да продолжи да паѓа и втора година по ред.

Американските власти исто ја размислуваат можноста за наметнување на царина за увозот на автомобили од други земји, главно од ЕУ. Овој аргумент претседателот Доналд Трамп го користи при преговорите со европските политичари, како поради важноста на автомобилската индустрија за економијата на ЕУ и значењето на американскиот пазар за европските производители на автомобили.

Во самата Европа, побарувачката за автомобили продолжи да расте и речиси го достигна својот врв пред кризата. Во првата половина на годината продажбата на нови автомобили во ЕУ се зголеми за 2,9%, но стапката на раст се забави од 4,7% во текот на истиот период минатата година. Негативни фактори за европскиот автомобилски пазар се можноста за забрана на дизел автомобили во некои земји и стравувањата по повод излегувањето на Велика Британија од страна на заедницата.

Генерално експертите тврдат дека доцнењето во растот на продажбата на автомобили во светот се случува во многу несоодветно време за производителите кои треба да ги зголемат инвестициите во нови случувања, најважните од кои се електромотори и автономните технологии. Експертите сметаат дека во потрага по нови мотори за раст, автомобилските компании ќе бидат поактивни во промовирањето на своите производи на пазарите во развој, вклучувајќи во Африка, во Индија и во земјите од Источна Европа.

Поврзани вести

Back to top button