Дизелот одлучува за изборите во Австрија?!
Иднината за дизел автомобили во Европа може и да изгледа посветла по 15 октомври, кога се парламентарните избори во Австрија
Економијата на земјата е сериозно поврзана со дизел возилата, па ова ќе биде решавачко за претстојните парламентарни избори во Австрија, потсети Automotive News.
Повеќе од 300.000 луѓе работат во автомобилската индустрија, а речиси 60% од автомобилите во земјата се со дизел мотори. Националистичката Партија на слободата веќе најави дека планира да стави вето на какви било ограничувања на дизелот до 2050 година. Според последните анкети, партијата има повеќе од сериозен шанса да е дел од идната владејачка коалиција.
– Партијата тврди дека урбаните елити не им дозволуваат на обичните луѓе да живеат како што се навикнати. Луѓето сакаат промени, но не преку ноќ, нека си го стори времето своето, објасни Кристоф Хофинер, директор на институтот SORA, кој се занимава со истражување на јавното мислење.
За разлика од многу други развиени европски земји, сè уште нема ограничувања за употребата на дизел автомобили во Австрија. Земјата е богата со водни ресурси и произведува над три четвртини од енергијата од обновливи извори. Па сите партии вклучени во изборите сакаат економијата на земјата да биде еколошка. Австријците се свесни дека иднината е во електричните возила. Но засега преферираат дизели, тоа е и од економски карактер – работните места?!