fbpx

Авто Плус ги мапираше полначите за електрични возила на ЕВН Македонија во друштво на Škoda Enyaq Coupe

На самиот почеток од туристичката сезона тимот на Авто Плус одлучи да направи обиколка на најфреквнетните патни правци низ Македонија со цел да ги мапира позициите на полначите за електрични возила поставени од страна на ЕВН. Секако, целиот процес е изведен во соработка со ЕВН Македонија, а за целосно автентично доживување се погрижи електричната Škoda Enyaq Coupe која ни беше одстапена од страна на Порше Македонија.

Одиме на запад – прв ден

Стартната точка е објектот на ЕВН Македонија под Скопското Кале, каде што го ресетираме мерачот на изминати километри и тргнуваме кон првата точка за полнење на ЕВ во Тетово. По само 40-на минути стигнуваме на локацијата која е одлично обележана, двете позиции за понење со излезна моќност од 22 kWh се сместени пред општинска зграда. Ние немаме потреба од дополнување, но забележуваме дека на едниот од двата полначи е приклучен автомобил кој веќе се полни. Продолжуваме кон следната дестинација, плоштадот во Гостивар е следната позиција на која стигнавме за окулу 30 минути. Како и предходно, полначите се сместени во самиот центар на градот и се видно обележани, иако е доста прометно нема непрописно паркирани возила на местата предвидени за ЕВ. Ја проверуваме исправноста на полначите од 22 kWh и без да дополнуваме продолжуваме понатаму.

Имено, од Скопје тргнавме со батерија наполнета до 63%, а полнењето го правиме на првата подолга пауза во Кичево по изминати 119 километри. За стигнување на оваа локација ни беа потребни 26% од бруто 82 kWh капацитет на батеријата со која располага Škoda Enyaq Coupe. Иако имаме доволно енергија во батеријата да стигнеме до денешната крајна дестинација одлучуваме автомобилот да го приклучуваме на еден од двата пополнач со моќност од 22 kWh и да направиме кратка пауза за доручек. По 40 минути дополнуваме 14% што значи дека сме за нијанса над половина од капацитетот на батеријата (51%). Следна дестинација е Струга која е одалечена нешто повеќе од 60 километри.

Авто Плус ги мапираше полначите за електрични возила на ЕВН Македонија во друштво на Škoda Enyaq Coupe

Позицијата на полначите лесно се пронаоѓа иако не се смстени во центарот на градот. Но тука е и нивната предност, бидејќи е наспроти плажите во градот, паузата во летниот период може да се искористи за кратко освежување во охридското езеро, додека во останатиот период од годината може да се ужива во прекрасните пејзажи кои ги создала природата. По кратката проверка на функционалноста на полначите и без подолго задржување се упатуваме кон главниот туристички центар во Македонија, Охрид.

На полначите сместени на кејот од езерото, во близина на плоштадот не дочекува едно празно место за полнење. Батеријата на Enyaq Coupe вели дека има уште 35%, се вклучуваме на полначот и се упатуваме кај нашите пријатели во Хотел СУ кои се погрижиjа престојот во Охрид да биде во најдобар ред како би биле идеално одморени за следната етапа. Авто Плус ги мапираше полначите за електрични возила на ЕВН Македонија во друштво на Škoda Enyaq Coupe По паузата и посетата на некои од знаменитостите во стариот дел на градот го прекинуваме полнењето на 80% затоа што сметаме дека тоа е доволна количина за почетокот на утрешниот дел од патувањето. За пристигнување до Охрид по зададената маршута во должина од 202 километри ни беа потребни 42% од капацитетот на батеријата.

 

Повеќе од двојно подолга рута – втор ден

Вториот дел од „електричната патрола“ започнува рано, бидејќи за овој ден е предвидена рута која е повеќе од двојно подолга. Домаќините не испратија со одлично подготвено еспресо од нивната „ростерија“ каде кафето го печат и приготвуваат по сопствен рецепт. Автомобилот е подготвен, а батеријата е полна до 80% Сега стартна позиција ни е Охрид, а првата станица на рутата е одалечена речиси 75 километри и се наоѓа во центарот на Битола, до каде стигнуваме преку преминот Ѓавато и Ресен со потрошени 12% од батерискиот капацитет. На оваа позиција не дополнуваме, туку само ја проверуваме состојбата на двата полначи од 22 kWh и продолжуваме кон следната дестинација во центарот на Прилеп. Исто како и на предходната и на оваа локација која е сместена во самиот центар на градот направивме проверка на исправноста на системите за понење и продолживме кон Кавадарци.

Во градот на виното се задржуваме многу кратко, полначите се поставени во непосредна близина на градскиот плоштад и се во полна подготвеност. Возиме преку Неготино и  се вклучуваме на автопатот „Пријателство“, од каде се упатуваме кон граничниот премин Богородица каде што ќе го направиме и првото, а воедно и последно надополнување во денот. На првата бензинска станица на влез од Грција се поставени единствените брзи полначи со кои се сретнуваме на рутата, нивниот максимален капацитет е од 100 kWh. Нашиот Enyaq Coupe покажува дека за рутата од речиси 250 километри ни биле потребни 47% од батеријата. За да дополниме повторно од 33% до 80% ни беа потребни окулу 20-на минути.

Следна точка во програмата е Струмица, до таму стигнуваме од страна на Валандово и искачувањето преку Валандовското брдо. На локацијата каде што се сместени полначите во Струмица пристигнуваме со 65% од батеријата, ја проверуваме нивната исправност и продолжуваме понатаму. Возиме дополнителни 50-на минути до Штип каде на кејот од реката Отиња, пред Домот на Културата – Ацо Шопов не дочекуваат две подготвени позиции за полнење. Нашата „Шкода“ вели дека имама на располагање 51% од батеријата и без подолгно задржување одиме понатаму кон Велес. Во центарот пристигнавме со 44% каде на големиот паркинг пред Основниот Суд во градот, како и на сите останати локации до сега има 2 места со полначи од 22 kWh.

Од тука се упатуваме кон последната дестинација која се наоѓа пред Културниот Центар – Трајко Прокопиев во самото средиште на Куманово. За овие 60-на километри и „мапирање“ на полначите потрошивме уште 9% од електричната енергија. Враќањето на почетната точка на контото намали дополнителни 11%, што значи дека во Скопје пристигнавме со 24% од полниот капацитет на батеријата и поминати 509 километри. Потрошувачката на електрична енергија за време на вториот ден коренспондира со целосниот искористив капацитет на батерија од 77kWh.

За овие два дена изминавме вкупно 711 километри, а батеријата ја надополнивме 3 пати, иако во реланост можевме истиот пат да го поминеме со 2 полнења. Она што го забележавме е дека, доколку сакате да го полните вашето електрично возило на главните делници од северниот дел на границата со Србија па се до јужниот крај до границата со Грција  мора да се исклучите од автопат и да влезете во некој од градовите кои се наоѓаат во правецот на движење. Истото важи и за патните правци кои движат во западниот и југозападниот дел кон Охрид или кон источниот и југоисточниот регион кој не носи до Струмица.

Тарифи за користење на електричните полначи на ЕВН Македонија Електроснабдување

Бидејќи електричната енергија има своја вредост, ред е да кажеме дека за истата постојат и различни цени. Па така доколку сте регистриран корисник и веќе имате  катричка од ЕВН, за која патем можете да аплицирате на сајтот www.emobility.evn.mk, киловатите ги добивате по повласетена цен. Доколку полните на AC полнач  до ​22 kW, таа изнесува 25 МКД/ kWh + 0,83 МКД/минута, полнењето на DC брзи полначи од 50kW и 100kW е еднаква на 25 МКД / kWh + 1,7 МКД /минута. Согласно договорот кој го имате потпишано на крајот од месецот се добива фактура на која има детален приказ за типот на полнењето и неговото времетраење по важечките тарифи.

Доколку сакате да ги користите полначите на ЕВН,а немате извадено картичка, компанијата овозможува и директно плаќање со сите дебитни и кредитни картички кои се во оптек. Во овој случај полнењето на AC полнач  до ​22 kW чини 30 МКД/ kWh + 0,83 МКД/минута, а за DC брзите полначи од 50kW и 100kW треба да се издвојат 30 МКД / kWh + 1,7 МКД / минута. Сите цени се со пресметан ДДВ и важат само за користење на електричните полначи на станиците на ЕВН Македонија Електроснабдување.

Авто Плус ги мапираше полначите за електрични возила на ЕВН Македонија во друштво на Škoda Enyaq Coupe

За време на полнењето на брзиот полнач во близина на граничниот премин Богородица наидовме и на една интересна ситуација. Имено, семејство од Романија со електричен автомобил се упатило на годишен одмор кај нашиот јужен сосед и планирале да ја дополнат батеријата пред да ја напуштат Македонија. Возачот не знаејќи го начинот на кој функционира системот наишол на проблем со кој не може да го стартува процесот на полнење. Во тој момент наидовме ние, по краток разговор со видно вознемирениот романец, завртевме на бројот од контакт центарот кој беше поставен на станицата за полнење. Љубезниот и крајно трпелив оператор не водеша чекор по чекор во целиот процес по што полнењето на автомобилот започна. Насмевката на неговото и лицата на неговото семејство беа доволни за нас, разменивме контакти и им посакавме убав одмор.

Сопатник што секој би го посакал

Пред од прилика половина година на тест ни беше одстапен токму возилото со кое ја направивме оваа „електро патрола“, станува збор за моделот Enyaq Coupe. Тоа што наведовме тогаш, денес само го потврдуваме, Enyaq е еден од најпрепознатливите нови автомобили на брендот Škoda во последните години. Целосно електричниот SUV дигна многу прашина, а задолжението да го направи чекорот напред во транзицијата го базира на основа која почива на способна електрична моторизација и одличната батериска технологија, тука се надоврзува и остриот дизајн на „купе“ изведбата, високото ниво на завршна обработка и квалитетот на употребените материјали.

Авто Плус ги мапираше полначите за електрични возила на ЕВН Македонија во друштво на Škoda Enyaq Coupe

Од технички аспект Enyaq Coupe се базира на платформата MEB, специфично развиена за електрични возила во групацијата  која ја дели со миделите на Audi, Volkswagen и Seat.  За погонување на 2.145 кг тешкото возило се грижи еден електричен мотор со моќ од 210kW (285 КС) што ги движи задните тркала и располага со влечна сила од 545 Нм.  Батерискиот модул поседува бруто 82 kWh од кои 77 kWh се достапни за користење. Дополнувањето на ќелиите е изведен по принципот на AC 11 kW полнач кој може да ја наполни батеријата од 0-100% за 7:30 минути или на брз DC полнач од 135 kW преку кој енергијата од 5 до 80% ја складира за 28 минути.

За овие два дена потрошивме 119 kWh што значи дека за патување во должина од 711 изминати километри во просек ни биле потребни 17kWh на секои 100 километри. Доколку  вредноста ја преточиме во официјална валута излегува дека дистанцата сме ја поминале за помалку од 3.000 денари, а во случај да вршевме директно плаќање, целиот пат ќе не чинење нешто над 3.500 денари.

Поврзани вести

Back to top button