fbpx

Авто Плус гостин на „Релито на боговите“: Фантастично шоу во екстремни услови, триумф за Нувил и Хјундаи

Годинешното издание на релито ЕКО Акрополис во Грција го обележаа екстремноста, како и атрактивното шоу на асфалтот на супер специјалната сцена која се одржа на сервисната сцена во Атина што претставуваше финиш на релито. Седумдесет и два висококвалитетни екипажа ги покажаа своите уникатни вештини на „Релито на боговите“. Еден од најпознатите светски собири на љубителите на авто-трките им овозможи возбуда, а на членовите на екипажите адреналин, непредвидлив терен, препознатлива бруталност и одлична организација.

Рели Акрополис

Најдобро регистрано време постигна Тјери Нувил кој со конзистентност, стратегија и смиреност поминуваше низ сите препреки прилично лесно. Неговиот тим Хјундаи доминираше на подиумот, освојувајќи ги првите три позиции на релито во Грција.

Главниот ривал на Нувил, Себастијан Ожие имаше лоша среќа комбинирана со лоши одлуки. Го погодија проблеми со турбо полнењето кои успеа да ги надмине, подобрувајќи ги своите перформанси. Сепак, последната пауер-етапа и лошата проценка на Ожие при свртување во свијок го преврте GR Yaris-от, оставајќи го Ожие без шанси за триумф. За среќа, Ожие и неговиот колега Ланде поминаа без повреди. Тимот на Тојота нижеше проблеми со автомобилите, а инцидентот со Ожие не им пружи шанса за борба со Хјундаи. И попкрај тоа, Тојота сигурно не може да се отпише, зашто во моментов заостанува за само 35 поени зад Хјундаи, па така може да се очекува вистинско ривалско шоу од 26 до 29 септември во Чиле, каде се одржува следното рели во рамки на Светскиот шампионат на ФИА.

Авто Плус имаше можност да биде дел од гостите на релито Акрополис на покана на генералниот спонзор ЕКО Грција, подружница на HELLENiQ ENERGY Group, на која ѝ припаѓа ОКТА АД – Скопје.

Инаку, релито ЕКО Акрополис четврта година по ред е дел од годишниот календар на Светскиот рели шампионат на ФИА (WRC), кој е најголемото и најатрактивно меѓународно натпреварување од ваков вид.

Рели Акрополис

Поврзани вести

Back to top button