Bentayga EWB Mulliner е новиот предводник во поставата на Bentley
Bentayga EWB Mulliner е новиот луксузен предводник на SUV моделот на Bentley кој пристигнува со цел асортиман на специјални детали
Bentley Bentayga EWB Mulliner е официјално новиот водечки модел на британската марка, кој има повеќе простор во кабината од кој било споредлив луксузен конкурент, според производителот на автомобили со седиште во Кру.
Заснована на бестселерот на брендот – теренецот Bentayga – оваа нова варијанта поминува низ рацете на мајсторите во Mulliner, каросериското одделение на Bentley, а резултатот е возило што изгледа како уметничка галерија на тркала.
Придвижуван од истиот 4,0-литарски мотор со двоен турбо полнач кој ја напојува и редовната варијанта на теренецот, кој произведува 550 КС и 770 Nm вртежен момент, Bentaya EWB Mulliner е достапен во конфигурации 4+1 или 4 седишта и се одликува со Airline Seat спецификацијата на марката како стандарден дел од опремата, која Bentley ја опишува како најнапредниот систем за автомобилски седишта во светот, кој пакува 12 електрични мотори и прилагодување во 22 насоки.
Уникатни спецификации
Но, Airline Seat спецификациите се достапни како опција и на EWB што не е Mulliner Bentayga, па оттаму легитимно е прашањето со што овој специјално изработен SUV го заслужува епитетот предводник на поставата? Тука на сцена стапува кожениот тапацир Mulliner Harmony Diamond Quilt кој е присутен на седиштата и на панелите на вратите. Потоа, тука се дебелите патосници на Mulliner направени од 100 проценти волна, фурнирот од дрво Grand Black, тридимензионалниот дијамантски финиш на централната конзола и името Mulliner извезено на секое седиште.
Понатаму, кожата Olive Tan – која поминува низ одржлив процес на потемнување со користење на органски нуспроизвод од индустријата за маслиново масло – се користи интензивно низ кабината.
Функцијата Bentley Diamond Illumination е исто така стандардно достапна на Mulliner изведбата. Ова се состои од десетици LED диоди (12 на секоја од предните врати и 22 на секоја од задните врати) кои испуштаат светлина преку мали перфорации во кожената облога – помали од 1 милиметар.
Надвор, допирите на конструкторот вклучуваат збир на ексклузивни тркала од 22 инчи кои се стандардни со самонивелирачки капачиња на тркалата и може да се нарачаат во полиран или сиво обоен и полиран завршеток. Препознатливата предна решетка „Double Diamond“ на Mulliner и хромираната долна решетка се исто така присутни, надополнети со специфичните отвори за крилата и двобојните капачиња на ретровизорите обработени во сатенска сребрена боја и боја на каросеријата.
Како опционален додаток, клиентите можат да се обратат за Mulliner Blackline Specification, што е вид на спецификации за отстранување на хромираните делови, заменувајќи ги речиси сите сјајни делови на надворешноста со сјајно црн третман со исклучок на значките на Bentley.
Цената за новиот SUV предводник сè уште не е објавена.