Bentley Bentayga EWB – повеќе комфор и опции за персонализација
Bentley додаде петти модел во својата луксузна постава со претставувањето на новиот Bentayga EWB модел кој ќе се нуди крај стандардниот Bentayga SUV
Моделот Bentayga е движечка сила зад продажниот раст на компанијата Bentley уште откако се појави на пазарот. Во 2021 година луксузната британска марка спостави рекорд со испорака на 14.659 автомобили или 31% повеќе отколку во 2020 година. Третина од оваа бројка беше постигната благодарение SUV моделот, кој сега станува уште полуксузен. Bentley ја претстави EWB варијантата со продолжено меѓуоскино растојание, кое додава 180 милиметри (7,1 инчи) помеѓу оските за да овозможи уште поголем простор за нозете и луксуз за патниците на задниот дел.
Значителниот раст го зголеми меѓуоскиното растојание на 3.175 мм, што резултира со вкупна должина од 5.322 мм. Со целиот дополнителен раст на задната врата, Bentayga EWB нуди простор на лимузина. Издолжениот теренец добива карактеристика на Airline Seat со „најнапредното седиште некогаш поставено на автомобил“.
Прилагодливо на не помалку од 22 начини, задното седиште може да се навали до 40 степени кога е активиран режимот Relax. На тој начин се поставува и кожно обвиен потпирач за нозе од задниот дел на совозачкото седиште, кој електрично се турка напред за да се ослободи уште повеќе простор за нозете. Алтернативно, вклучувањето на Бизнис режимот го поместува седиштето во исправена положба кога сакате удобно да работите додека сте во движење.
Потоа, тука е високотехнолошкиот систем за контрола на климата. Може автоматски да ги менува поставките врз основа на температурата на патникот и нивото на влажност во задниот дел. Дополнително, притисокот преку површината на седиштето се анализира за да се направат автоматски постурални прилагодувања. Има неверојатни 177 промени на притисокот што може да се применат во шест независни зони на притисок во интервал од три часа.
Безброј опции за персонализација
Можете да го специфицирате Bentayga EWB во една од 24-те милијарди комбинации на украси, кои генерираат трилиони можни спецификации. Со продолжениот SUV дебитираат и греењето на задните врати и централните потпирачи за раце, додека електричното затворање на вратите за првпат се појавува кај Bentley.
Друга новина е сложеното амбиентално осветлување во картичките на вратите, со 12 диоди што емитуваат светлина на секоја предна врата и 22 на секоја задна врата. Овие LED диоди емитуваат светлина преку перфорации од еден милиметар во кожата. EWB, исто така, добива различен дизајн на предната решетка и ексклузивни 22-инчни алуминиумски тркала со полиран финиш и дизајн со 10 краци.
Земајќи ги предвид сите додадени карактеристики и промени на каросеријата, Bentley споменува дека морал да изработи повеќе од 2.500 нови делови. Некои беа неопходни за управувањето на задните тркала, што го намали кругот на вртење за седум проценти (на 11,8 метри) во споредба со стандардниот Bentayga и покрај додадената должина.
Достапен во конфигурации со четири и пет седишта заедно со нов распоред 4+1, Bentayga EWB е придвижуван од 4,0-литарски битурбо V8 мотор кој произведува 542 КС и 770 Nm вртежен момент. Забрзува до 100 км/ч за 4,6 секунди и има максимална брзина од 290 км/ч.
Испораките на клиентите ќе започнат во четвртиот квартал од годината, но само на одредени пазари.