Bentley го најави првиот електричен модел за 2025 година
Британскиот производител на луксузни автомобили објави дека започна да работи на развојот на својот прв целосно електричен модел
Bentley сака да го зацврсти своето место како лидер во луксузниот сегмент на автомобили кога станува збор за одржливоста и заштитата на животната средина, а како што велат од компанијата, за да дојде до такво нешто потребно е во својата понуда да имаат и електричен автомобил.
Поради тоа, дизајнерите во центарот за истражување и развој веќе започнаа да работат на концептуалното возило кое би требало да биде многу блиску до сериското продукциско издание. Како главен предизвик се наведува доволо големата автономија на движење, како и аеродинамичноста на возилото кои ќе бидат на врвот на листата на приоритети, секако, заедно со батериите со голем капацитет.
Шефот на британската компанија, Едриен Холмарк, повеќе пати повтори дека му се допаѓа она што Jaguar го направи со моделот I-Pace, но дека би сакал Bentley да отиде чекор подалеку и да направи уште поимпресивен производ од својот конкурент. Холмарк верува дека со електричните модели може да се „игра“ со каросеријата, па поради тоа Bentley сака да понуди електричен седан со голем клиренс. Сосема е извесно дека ако дојде до такво нешто, британскиот бренд ќе биде еден од ретките, ако не и единствен, кој ќе има таков модел во својата понуда.
Извршниот директор на Bentley истакнува дека компанијата започна со електрификација и веќе нема назад. „Претходните 100 години се трудевме да ги усовршуваме SUS агрегатите, а следните 10 години ќе се трудиме да ги исфрлиме од понудата“, изјави Холмарк. Тој потврди дека Bentley ќе ги забрза работите на електрификацијата на комплетната гама, па така од 2023 година сите автомобили на оваа компанија ќе имаат и хибридна варијанта. По премиерата на првиот електричен модел во 2025 година се очекува Bentley набрзо да го прикаже и вториот електричен автомобил, но за него практично нема никакви релевантни информации.