fbpx

Bentley повторно го создаде Corniche

Уникатниот и единствен Corniche уништен за време на Втората светска војна добива свој наследник по повод 100 години Bentley

Одделот Mulliner на Bentley е специјализиран за за изработка на еднократни, односно неколкукратни проекти за клиенти кои немаат проблем со износот на сметката. Одделот работи само на нови модели, но овој пат беа расположени да направат исклучок и повторно да го создадат еден и единствениот Corniche, произведен и уништен во 1939 година.

Проектот е дел од прославата на 100 години од постоење на компанијата, а неговата изработка е само навидум „лесна“. Оригиналниот Corniche исчезна откако беше бомбардиран од германската армија, а мнозинството од луѓето кои имаа прилика лично да го видат се мртви. Ова претставуаваше најголема препрека за тимој кој ја доби задачата да го воскресне овој автомобил, па така тие беа приморани да работат со малку податоци, црно-бели фотографии и технички цртежи.

Corniche

Конечниот производ изгледа зачудувачки, а Bentley тврди дека е идентичен со оригиналот на секој начин. Делови како хромирани рамки на фаровите, надкрила во форма на капки и дрвена инструмент табла беа ексклузивни за Corniche, така што тие требаше да се произведат од нула со употреба на точни материјали и правилни техники на производство.

Bentley го направи оригиналот Corniche истражувајќи ја можноста да лансира помоќна варијанта на Марк V, кој требаше да го направи своето деби во октомври 1939 година. Тие го замолија францускиот дизајнер Џорџ Паулин да нацрта футуристичко, рационално тело, при што ги заповеда Carrosserie Vanvooren да го изградат, користејќи потенок од нормалниот челик со цел да заштедат на тежина.

Corniche

Corniche ја сврте патеката во Brooklands за прв пат во мај 1939 година, со брзо достугнување на брзина над 160 km/h, импресивна бројка во тоа време. Тестирањето продолжи и во рурална Франција, а во август 1939 година, еден од возачите на компанијата со цел да избедне друг автомобил, се изврте при што удри во дрво. Тогаш, компанијата ги раздвои шасијата и каросеријата, ја испорачала шасијата во седиштето во Кру, Англија, а од локален сервис побарала да се поправи каросеријата. На пат за Кру, бидејќи сетоа ова се одвивало за време на Втората светска војна, шасијата била уништена од воздушни бомби.

Повторно-создадениот Corniche ќе биде претставен во септември 2019 година во Salon Privé, а потоа ќе патува на разни настани поврзани со Бентли низ целиот свет. Се надеваме дека ќе има помирен живот од оригиналниот :).

Поврзани вести

Back to top button