Беспилотно возило ќе учествува во реална трка
Автоматизиран болид на компанијата Roborace ќе учествува на овогодинешниот натпревар, што традиционално се одржува во рамките на Фестивалот на брзината во Гудвуд
Во план е автомобилот да помине низ патеката со должина од 1.867 метри во целосно автономен режим, а ќе се управува со помош на сензори и камери кои обезбедуваат 360-степени надзор. Натпреварувањето годинава е посветено на 25-годишнината на фестивалот, кој се одржува од 1993 година и ги собира на едно место новите идни изданија, ретки решенија, историски остварувања, оригинални и уникатни… од целиот свет.
За Roborace ова ќе биде првото учество на фестивалот, со третото креирано возило со целосно беспилотен режим.
Посетителите на настанот ќе можат да ја видат трката со „очите” на автомобилот во посебна кабина, каде што ќе се користи технологија на виртуелна реалност. Погонот на возилото е со помош на 4 електромотори, секој со моќност од 135 kW. Значи тркачкиот автомобил има околу 600 КС, а е со тежина од 1350 kg. За управувањето одговара платформата NVIDIA DRIVE PX 2, а во реално време податоците ќе се обработуваат од радари, лидари, GPS-приемник, ултразвучни сензори и камери.
Автомобилите Roborace во иднина ќе земат учество во сопствен шампионат, кој ќе се одржува во рамките на трките од Formula Е. Сите машини ќе имаат исти технички компоненти, но тимовите ќе имаат право да користат сопствена програмирана опрема за нивно управување.