fbpx

BMW Серија 2 Gran Coupe во завршна фаза на тестирање

Камуфлираното возило има QR кодовите на предните врати насочувајќи ги љубопитни очи на www.bmw.com/2-series-gran-coupe за повеќе информации за моделот

Пред светската премиера на BMW Серија 2 Gran Coupe на Саемот во Лос Анџелес во ноември 2019 година, оваа страница ќе нуди нови информации за овој екстравагантен и иновативен концепт на возилото. Светското лансирање на пазарот на новата Серија 2 ќе започне пролетта 2020 година.

BMW Серија 2 Gran Coupe го слави своето доаѓање со свежа доза на индивидуалност, естетска привлечност, поткрепена со технологија и извонредна динамична способност. Една од карактеристиките на возилото е ARB системот. Оваа иновативна технологија заедно со BMW Performance Control овозможува интензивно возење со погон на предните тркала и со BMW xDrive интелигентениот погон на сите тркала.

Оваа иновативна технологија за контрола на тракцијата се комбинира со стандардната контрола на BMW Performance Control за да овозможи директно и интензивно возење и со погонот на предните тркала и со BMW xDrive интелигентниот погон на сите тркала на BMW M235i xDrive. Врвниот модел во опсегот е опремен со најмоќниот четири-цилиндарски мотор на BMW групацијата, кој испорачува 306 коњски сили. Исто така стандарден е и ново развиениот механички диференцијал со ограничено лизгање, кој го надополнува спортскиот карактер на новата Серија 2.

Поврзани вести

Back to top button