BMW 8 Coupe дебитира на 15 јуни
BMW објави дека светската премиера на целосно новото луксузно спортско засилување во портфолиото серија 8 Coupe, ќе се одржи на 15 јуни во пресрет на трката 24 часа Ле Ман
Од BMW коментираат дека развојот на серија 8 Coupe била проследена и со онаа на натпреварувачката верзија на автомобилот – M8 GTE, со која Баварците преку својот оддел -BMW Motorsport, ќе се најдат повторно на стартна позиција на легендарната трка, за прв пат по 2011 година. Во моментов од BMW не нудат дополнителни детали за серија 8 Coupe, туку го истакнуваат само тоа, дека неговото управување и однесување на патот се развиени врз основа на искуството што брендот го има во автомобилските трки.