BMW, Daimler, Ford и VW со заеднички станици за полнење од Ionity
Конзорциумот на BMW, Daimler, Ford и VW покажа на интернет како ќе изгледаат станиците за електрични возила од Ionity, кои треба да се појават на основните европски автопати
Вкупно 100 од нив ќе се во функција во Европа веќе оваа година, а уште 280 – до 2020. Според идејата на специјалистите, станиците за полнење ќе имаат покрив и едноставен дизајн. Тие ќе користат лесни кутии монтирани на вертикален столб. Во темнина овие инсталации ќе бидат еден вид светилници. Станиците за полнење ќе бидат лесни поради употребените материјали за изработка на истите.
Компаниите планираат да направат 400 станици за полнење со моќност од 350 киловати. Минатата година беа пуштени 20 такви комплекси, а за оваа се предвидуваат уште 100. Останатите ќе започнат со работа до 2020 година. Вреди да се напомене дека желбата е брзо да се напрадува за да се стигне најголемата мрежа на полначи за електрични возила, на американската компанија Tesla. Калифорнискиот производител има 1.130 такви комплекси, кои користат 8.496 уреди.
Европските производители на овој начин потврдуваат дека работат активно на електричните автомобили и развојот на инфраструктурата за нив, се со цел да се одговори соодветно на се построгите барања за намалување на емисиите на CO2, најавени од ЕУ.
До 2021 година просечната вредност ќе биде ограничена до 95 грама јаглерод диоксид на километар. Ова значи дека потрошувачката на гориво во автомобилот треба да биде 4,1 литар бензин или 3,6 литри дизел. Се разбира овде во голема предност пред нив се електрифицираните, било хибридни или чисто електрични.