BMW со две светски премиери во Лос Анџелес
BMW Group ги објави првите детали за своето учество на овогодинешното издание на автомобилскиот салон во Лос Анџелес и потенцира дека за време на изложбата компанијата ќе покаже за прв пат во светот два сосема нови модели
Од BMW Group посочуваат дека следејќи ја стратегијата за промоцијата на 25 електрифицирани возила, вклучувајќи и 12 целосно електрични, до 2025 година, на форумот во Лос Анџелес компанијата ќе го претстави за прв пат во Северна Америка- BMW i Vision Dynamics, како новите MINI Electric Concept и BMW i3s. Името на една од планираните светски премиери сеуште не е најавена, но најверојатно станува збор за сериската верзија на i8 Roadster, која ќе биде лансирана на пазарот следната година. За првпат пред публика во Северна Америка ќе бидат претставени исто така X7 Concept, 8 Series Concept, новото M5, а M3 CS ќе има светско јавно деби.
Специјалната верзија на M3 има сериозна интеграција на јаглеродни елементи, што доведе до значително намалување на вкупната тежина во споредба со стандардната верзија на автомобилот. Шестцилиндерскиот M TwinPower Turbo погонски агрегат на M3 CS е во состојба да генерира максимална моќност од 453 коњски сили, да го забрза возилото од 0 до 96 km/h за 3,7 секунди и да му дозволи да развие максимална брзина на движење од 280 km/h.