fbpx

Батериите на електрoмобилите на BMW со траење од 15 години

Батериите вградени во електричните автомобили на BMW и plug-in хибридни модели ќе имаат рок на траење од најмалку 15 години, па дури и повеќе

Тоа беше објавено од страна на шефот на акумулаторната поделба на Концернот, Андреас Реит, за изданието на Caradvice.

Според Реит, сите идни модели на BMW ќе имаат ист работен век на нивните батерии. Во овој случај, компанијата ги користи истите спецификации за квалитет, без оглед на погонот. Инженерот додаде дека по 15 години користење капацитетот на батериите ќе се намали за 20-30%, но и покрај тоа погонскиот агрегат на автомобилите ќе продолжи да работи со исто темпо. Реит додаде дека BMW досега не добил никаква реакција за неисправна батерија од свој електричен или хибриден модел.
Батериите

Топ менаџерот, исто така, откри дека рециклирањето на литиум- јонски батерии нема да биде проблем бидејки тие имаат огромен потенцијал за секундарна употреба и обработка. BMW веќе ја отвори својата фабрика за батерии во Лајпциг, која работи на една „супербатерија“ составена од користени и нови батерии.

Батериите

Поврзани вести

Back to top button