fbpx

BMW ги лансира новите 320e и 520e plug-in хибридни верзии

BMW го проширува своето plug-in хибридно семејство со претставувањето на двете нови верзии од Серија 3 и Серија 5

Plug-in хибридната постава на BMW наскоро добива нови членови со модели од Серија 3 и Серија 5, односно 320e и 520e, кои ќе бидат достапни во седан и караван (Touring) каросериски изведби и ќе пристигнат на европските пазари во март годинава.

Двата модели се напојуваат од 2,0-литарскиот четирицилиндерски бензински мотор со 163 КС и електромотор, со што вкупната моќност изнесува 204 КС и 350 Nm максимален вртежен момент. Погонскиот склоп пристигнува во комбинација со осумстепен автоматски менувач и погон на задните или сите четири тркала.

320e 520e

Забрзувањето од нула до „стотка“ со овој погон се достигнува за 7,6 секунди кај 320е, односно 7,9 секунди со 320е Touring, со тоа што првиот достигнува максимална брзина од 225 километри на час, а вториот 220 километри на час. На BMW 320e xDrive Touring му се потребни 8,2 секунди за спринтот и достигнува максимална брзина од 219 километри на час. Од друга страна, 520e Sedan и 520e Touring стигнуваат до „стотка“ за 7,9, односно 8,2 секунди, а максималната брзина изнесува 225, односно 218 километри на час.

Продажбата започнува во март

Сите модели можат да возат со брзина до 140 километри на час во целосно електричен режим, додека опсегот на движење според WLTP циклусот варира кај секој модел различно. Така, кај BMW 320e Sedan опсегот на струја е од 48 до 57 километри, од 46 до 54 кај 320e Touring, потоа од 41 до 55 километри за 520e Sedan и од 45 до 51 километар кај 520e Touring.

12 kWh батеријата е поставена под задните седишта со 34 aH капацитет и може да се полни до 3,7 kW, за што се потребни два и пол часа за батеријата да се наполни од 0 до 80 проценти, односно нешто повеќе од три и пол часа до 100 проценти.

320e 520e

Дел од стандардната опрема вклучува BMW Live Cockpit Plus, со Connected Package Professional, што им овозможува на возачите да ги користат големиот број дигитални услуги на компанијата.

Поврзани вести

Back to top button