fbpx

BMW ги објави првите фотографии и детали за i7

Германскиот производител BMW ги објави првите официјални фотографии од камуфлираниот прототип за престојниот целосно електричен i7

Целосно електричниот луксузен седан на BMW, моделот i7, минува низ фаза на тестирање, а за таа цел баварскиот гигант објави сет официјални фотографии од камуфлираниот прототип. Германската компанија истакнува дека i7 ќе биде „првиот целосно електричен луксузен седан на светот“, што делува како навистина одважна и храбра изјава.

Најголем конкурент на престојниот BMW i7 е Mercedes-Benz EQS кој веќе е во продажба, но EQS технички не е седан. Тука е и Audi e-Tron GT, целосно електричниот седан, но неговата должина која е помала од пет метри го сместува во конкуренција на нешто помалите Mercedes EQE и i5.

BMW i7

Во секој случај, BMW го тестира електричниот i7 во Арјеплог, Шведска, во зимскиот тест центар на компанијата, каде компанијата ги усовршува финалните елементи на возачките динамики, управувањето, сопирачкиот систем и системот за потпирање за првата електрична Серија 7.

Новиот BMW i7 ќе ја користи петтата генерација на BMW Drive технологијата која дебитираше кај iX. Компанијата не откри спецификации за електричниот погон, ниту за батеријата, освен дека комбинираната WLTP потрошувачка на енергија ќе изнесува 22,5-19,5 kWh на 100 километри според моменталните проценки.

BMW i7

Премиерата е следната година

Баварската компанија новата генерација на својот знаменосец ќе ја нуди со бензински, дизел, plug-in хибриден и целосно електричен погон. Светската премиера треба да се одржи следната година. По претставувањето на XM концептот, најверојатно и електричниот седан ќе добие подеднакво контроверзен дизајн, особено кога станува збор за предните одвоени фарови. Инаку, i7 ќе ја користи истата архитектура како и конвенционалните модели од Серија 7, поради што должината на моделот ќе биде практично иста.

BMW i7

Баварската компанија потврди дека нивниот електричен знаменосец ќе биде претставен некаде во текот на 2022 година, но со оглед на тоа дека на прототипот му недостасуваат неколку продукциски елементи, се очекува официјалната премиера да биде во втората половина на следната година, додека продажбата ќе започне до крајот на 2022 или почетокот на 2023.

Поврзани вести

Back to top button