fbpx

BMW ги презентираше X3 M и X4 M

Дали се сомневате дека BMW е компанија која се повеќе се обложува на SUV модели? До ова прашање дојдвоме бидејќи кон крајот на минатата работна недела беа претставени X2 M35i и X5 xDrive45e, а во текот на викендот дојдоа на ред и прототипите на новите Х3 M и Х4 М.

Скромните димензии на Х3 М и Х4 М во споредба со импресивните Х5 и Х6 имаат сериозна шанса да ги убедат и најголемите скептични корисници дека сепак е можно да биде создаден SUV модел со спортско однесување. Презентацијата беше добро испланиран, поради тоа што токму овој викенд се возеше германската трка на DTM на Nürburgring.

Двата нови модели ќе добијат нов 6-цилиндричен во линија бензински турбо мотор, како и специјална промена на погонот xDrive која веќе се користи во моќниот М5.

Се претпоставува дека станува збор за новиот мотор S58, кој практично е М-верзијата на В58 со 3.0 литарска работна зафатнина. Се очекува моќноста да е меѓу 450 и 475 коњски сили со варијанта Competition Package. Овој мотор ќе се користи со новите X3 M и X4 M, но и со следните M3 и M4.

X3 M

Другата добра вест за X3M и купе верзијата на Х4М добиваат и развиен заден диференцијал и серија аеродинамични елементи. BMW не ја објавија премиерата на двата нови модели, но сигурно дека ќе имаат две презентации пред крајот на годината.

 

Поврзани вести

Back to top button