fbpx

BMW го крати опсегот на модели во понудата

Германскиот премиум производител започнува со кратење на својата постава на автомобили со цел да ги намали трошоците и да финансира развој на електрични возила

Не е баш лесно да се биде производител на луксузни автомобили. Од една страна тука е глобалната финансиска криза и проблемите со производството и испораките, а од друга страна тука е Brexit и намалената продажба на луксузни возила во Кина. На крајот, потребно е да се инвестираат милиони и милиони во технологија за електрични возила со цел да останете конкурентни во иднина. Но, драстичните времиња изнудуваат драстични мерки, па BMW ќе реосмисли некои од своите стратегии со цел да биде подобро подготвен за иднината.

Reuters пренесува дека баварскиот гигант ќе го поедностави својот опсег на модели и ќе го намали бројот на достапни мотори и верзии на каросерии. Без да се откријат конкретни детали, Николас Петер, финансискиот директор на BMW, за Reuters открива дека производителот ќе ја намали и комплексноста на опциите кои ги нуди до своите купувачи, фокусирајќи се на попопуларните работи. Исто така, ќе го реобноват софтверот со цел „да се фокусира на поедноставен, поефикасен начин за создавање возила“.

Петер истакна дека е уверен дека BMW ќе може да испорача добра продажба во првиот квартал од годината „доколку поголемите активности се вратат кон средината на февруари“. Финализирањето на деталите од договорот за Brexit исто така треба да помогне, како и планот на компанијата за да ги зголеми своите акции во заедничкиот кинески потфат од 50 на 75 проценти.

„Не зборуваме за далеку во иднината, но тоа е цел на која гледаме систематично на краток период“, изјави Петер за Reuters за време на интервјуто.

Поврзани вести

Back to top button