fbpx

BMW го покажа својот XM концепт

Баварскиот гигант BMW го претстави својот најнов концепт наречен XM, а станува збор за plug-in SUV и е првиот ваков самостоен М модел

Во 1978 година BMW го претстави својот прв M модел – M1. Повеќе од 40 години подоцна баварскиот гигант го претстави својот втор самостоен M модел, а станува збор за XM концептот. Станува збор за plug-in кросовер кој пристигнува со V8 мотор со 750 КС и 1.000 Nm под хаубата. Овој концепт ја најавува продукциската верзја која треба да дебитира во 2022 година.

Она што најмногу привлекува внимание секако е предната џиновска решетка со хоризонтални ленти, која најверојатно ќе се најде и кај продукциската верзија, која ќе го понесе и името XM благодарение на договорот меѓу BMW и Citroen. Комбинацијата на џиновска решетка и светлосен третман со две висини што ги одделува тенките дневни светла обезбедува „преглед на новиот дизајн на предниот дел за престојните модели на BMW од луксузната класа“.

Моделот е поставен на масивни 23-инчни тркала, најголеми кај еден BMW, додека триаголните завршетоци на издувниит систем му даваат необичен изглед на задниот дел. Ултра тенките LED задни светла излегуваат од рабовите на задната врата и се протегаат кон задните крила, додека задното стакло добива уникатен дизајн.

Спектакуларна обработка на ентериерот

Ентериерот на XM е подеднакво поларизирачки како и екстериерот и се одликува со неочекувано атрактивен дизајн. Кокпитот, кој е фокусиран кон возачот, комбинира ретро кафена кожа со акценти од бакар и карбон со цел да креира навистина спектакуларен изглед. Концептот XM е опремен и со iDrive 8 со масивен заоблен интерфејс, кој соодветно му прилега на целокупниот изглед.

BMW XM

Вториот ред креира лаунџ искуство за двајцата патници на задниот дел со кадифена клупа во тиркизна боја и дијамантски штеп. Покрај тоа, хедлајнерот се одликува со уникатна тродимензионална призма структура која е целосно осветлена, создавајќи внатрешно светло кога се комбинира со амбиенталните LED диоди, кои светат во трите бои на BMW M.

BMW XM

Кога станува збор за техничките детали, XM концептот теоретски може да помине 48 километри само на струја со помош на новоразвиениот M Hybrid возачки систем. BMW не откри спецификации за зафатнината на моторот, големината на батеријата, ниту пак максималната брзина. Познато е само дека под хаубата има V8 бензински агрегат и електромотор, кои заедно испорачуваат 750 КС и 1.000 Nm максимален вртежен момент.

Повеќе информации за продукциската верзија на BMW XM ќе бидат познати следната година во пресрет на претставувањето кон крајот на 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button