BMW го претстави освежениот iX3
Баварскиот гигант BMW сега и официјално ја претстави освежената верзија на својот електричен кросовер, моделот iX3
Подготвен за дебито на Салонот во Минхен оваа есен, унапредената верзија на BMW iX3 сега ја доживеа својата официјална премиера. Освежениот модел е опремен со поголема предна решетка, популарните бубрези, кои сега се во форма на единечен панел. На двете страни се наоѓаат потенки LED фарови, а ласерските светла ќе се нудат како опционална опрема.
Промените не застануваат тука бидејќи iX3 сега пристигнува стандардно со M Sport пакетот. Се одликува со поагресивна предница и спортски заден дифузер. Главните промени завршуваат со тридимензионалните задни светла и 19 или 20-инчните тркала со аеродинамичен дизајн.
Поголеми промени се направени во кабината, со оглед на тоа дека пред возачот се наоѓа 12,3-инчен инструмент кластер и поголем 12,3 или 12,5-инчен инфозабавен систем. Тука е и новиот селектор за режими, како и променетата централна конзола со новиот менувач. Купувачите исто така ќе се сретнат и со новиот Aluminium Rhombicle трим со темен финиш како и новите стандардни спортски седишта со перфориран Sensatec тапацир. На барање на купувачите, истиот може да биде заменет со кожа.
Кога станува збор за перформансите, тука е 80 kWh батеријата која го напојува електромоторот поставен на задната осовина и испорачува 286 КС и 400 Nm вртежен момент, оваа поставка му овозможува на моделот да забрза од 0 до „стотка“ за 6,8 секунди и да достигне електронски ограничена максимална брзина од 180 километри на час. Она што е најважно, кросоверот има опсег на движење од 460 километри.
Две верзии за Европа
Во случај батеријата да е испразнета, сопствениците ќе имаат на располагање 150 kW брзополнечки способности. Ова му овозможува на BWM iX3 да добие околу 100 километри опсег за само 10 минути полнење. На домашен 11 kWh BMW приклучок, кросоверот може да се наполни од 0 до 100 проценти за околу 7,5 часа.
Освежениот BMW iX3 ќе влезе во производство во септември и ќе се склопува во Кина и за домашниот и за странските пазари. Моделот ќе пристигне во Европа оваа есен, каде ќе чини 67.300 евра.
Европските модели ќе нудат две нивоа на опременост вклучително и Inspiring варијантата која пристигнува со металик боја, панорамски стаклен покрив и автоматскa задна врата. Купувачите исто така ќе најдат и адаптивен систем на потпирање, спортски управувач и трозонски клима-уред.
Оние кои сакаат поголем луксуз ќе можат да се одлучат за Impressive верзијата, која додава акустично стакло и 20-инчни тркала, а меѓу другите карактеристики тука се head-up екранот, Vernasca кожа и Harman Kardon премиум аудио систем.