fbpx

BMW го претстави својот футуристичкиот електричен мотор

BMW го искористи #NEXTGen настанот за да го открие својот нов електричен Vision DC Roadster

Дизајниран да ја прикаже иднината на електричните мотори и како тоа тие би можеле да изгледаат, Vision DC Roadster претставува стилски спортски мотор, изработен од лесни материјали како карбонски влакна и алуминиум.

Погонската единица на овој мотор заменета е со голем батериски пакет, кој клучува метални ребра за ладење и два вентилатори поставени на страните на моторот. Под батеријата позициониран е електричен мотор во облик на цилиндар, кој има задача да испраќа електрична енергија до задното тркало.

Vision DC Roadster

Компанијата не ги откри спецификациите за изведбата на новиот Vision DC Roadster, но раководителот за дизајнот на BMW, Едгар Хајнрих, изјави дека електричниот мотор обезбедува висок степен на вртежен момент при исклучување, што овозможува одлично забрзување. Тој додаде: „Оваа скоро брутална испорака на енергија создава целосно ново искуство на динамични перформанси“.

Покрај електричниот мотор, Vision DC Roadster има и алуминиумска рамка, алуминиумски акценти и минималистички дигитален инструмент-кластер. Исто така има и стилско седиште со вградени LED светла за сопирање, а концептот доаѓа и со препознатливо LED светло за дневно возење.

Поврзани вести

Back to top button