BMW го заштити „X8 M“ називот, кој е најава за нов луксузен адут
BMW подготвува нова перјаница во SUV сегментот за која е наменет и M третман, а за таа цел баварската компанија го заштити називот X8 M
Деновите кога X5 беше единствениот SUV на баварската компанија одамна поминаа, бидејќи во меѓувреме понудата драстично се зболеми, од Х1 и Х2 со преден погон, се до „тешкашот“ Х7. Се чини дека тоа не е се кога станува збор за Х семејството, бидејќи најновите информации велат дека би можеле во перспектива да добиеме и Х8 модел, иако тие гласини кружат на интернет уште од 2017 година. Сепак, според најновите информации, планиран е M45e дериват, односно BMW X8 M модел.
Се чини дека BMW размислува и за целосен M третман за најавената SUV перјаница, бидејќи член на Bimmer Post форумот откри интересен документ од Германскиот завод за патенти и заштита на интелектуални права. Имено, BMW испратил барање за заштита на X8 M називот на 23 март, кој е регистриран на 1 април, а во моментов е во исчекување на одобрување.
Но, што е X8? Ако може да им се верува на извештаите, станува збор за ултралуксузен X7 со четири седишта, кој би требало да дебитира до крајот на оваа или почетокот на идната година. Меѓутоа, оваа прогноза треба да се земе со доза на резерва, со оглед на тоа дека не се забележани било какви шпиунски фотографии од луксузниот SUV на BMW. Треба да се спомене и дека е можно извештајот да се однесува на концепт, а не на сериски модел, што значи дека големиот SUV би можел во продажните салони да пристигне некаде во текот на 2022 година.
X8 M не би требало да пристигне пред 2023
Наводниот коден назив G09, X8 би требало да ја преземе формата на „купестиот“ X7, отприлика со исти габарити и секако архитектура. Потенцијалната М верзија би го добила истиот 4,4-литарски twin turbo V8 мотор кој го напојува и X6 M, за чии потреби се испорачуваат 625 КС во Competition изданието.
M варијантата веројатно би пристигнала една година подоцна, така што не треба да се очекува пред 2023. Според некои информации, SUV перјаницата би можела да стане најскапиот модел во понудата на BMW, надминувајќи го и M760i.