fbpx

BMW Group е број 1 во премиум хибридни и електрични возила

Во 2018 година, германскиот концерн BMW Group успеа да продаде 103.080 електрични возила

Тоа е за 65,6% повеќе од оствареното за 2016 година. Целта на германскиот производител е во 2019 година по патиштата да се движат над 500.000 такви автомобили.

Благодарение на двете марки – BMW и MINI, германскиот производител успеа да продаде на пазарот во Европа повеќе хибриди и електрични возила од сите други производители од премимум-сегментот, вклучувајки ги Mercedes-Benz, Lexus и Tesla.

Четири години по лансирањето на BMW i3, продажбата во 2017 година се зголеми за 23,3% и достигна 31.482 единици. Обемот на реализација на plug-in автомобилите BMW iPerformance исто расте, а за изминатите 12 месеци двојно се зголеми, до 63.605 примероци.

BMW Group

И хибридниот MINI Countryman дава свој придонес за засилување на позициите на концернот кај електрифицираните модели. Неговиот резултат за само 6 месеци од лансирањето (јуни 2017) е 5.799 продажби.
BMW Group

Генерално, 2017 година е многу успешна за баварскиот гигант. Брендот BMW ја заврши годината со 2.088.283 продажби, со раст од 4,2%. Целата група, вклучувајки ги BMW M GmbH, BMW i, BMW Motorrad, MINI и Rolls-Royce, евидентира зголемување за 4,1%, а вкупниот број продадени возила е 2.463.526.

Поврзани вести

Back to top button