fbpx

BMW i4 концептот пристигнува на саемот во Женева

BMW со месеци спроведуваше „тизинг“ кампања за i4, а на Салонот за автомобили во Женева ова возило конечно ќе биде претставено пред јавноста

BMW i4 концептот ќе наликува на производната, односно ќе влијае на стајлингот на патничката верзија на тој модел. Со оглед на тоа, би требало да биде и помалку екстремен од iVision Dynamics концептот кој во 2017. година дебитираше во Франкфурт.

Иако саемот во Женева стартува во март, а таму ќе биде присутна и екипата на Авто Плус, од BMW веќе потврдија неколку спецификации за i4. Уште во ноември минатата година беше познато ова возило ќе има 523 КС и забрзување од 0 до 100 километри на час од околу 4 секунди, со максимална брзина од 200 километри на час.

BMW i4

Силата ќе му ја обезбедува 80 kWh батерија со тежина од 550 килограми и ќе има автономија од 600 километри. Од BMW исто така ветуваат и брзо полнење со оглед на тоа дека i4 поддржува полначки капацитет до 150 kW. Ова значи дека моделот може да се наполни до 80 проценти за само 35 минути. Со само шест минути полнење добивате 100 километри автономија.

 

Поврзани вести

Back to top button