BMW iNext би можел да се преобрази во i9
BMW уште пред две години објави дека во 2021 година ќе лансира напреден модел, чиј развој се одвива под ознаката iNext
BMW уште пред две години објави дека во 2021 година ќе лансира напреден модел, чиј развој се одвива под ознаката iNext, но се уште нема конкретни информации за неговото конечно име. Некои сметаат дека новината ќе ја добие ознаката BMW i9. Во својот извештај дека зад Баварците е една мошне плодна година на полето на електрификацијата на компанијата и развојот на новите остварувања, беше меѓу другото потврдено дека од BMW ги заштитија неодамна и правата на ознаките од i1 до i9, како и оние од iX1 до iX9.
BMW iNext
Во истиот извештај беше напоменато дека iNext се планира да биде технолошки предводник во понудата на BMW, па некои експерти сметаат дека зад ова се крие идното i9. Перформансите на iNext засега не се потврдени, но е сосема сигурно дека ќе има електричен погон, а ќе бидат имплеметирани автономни технологии од Ниво 4. Во план е вградување и на новата генерација на батерии што ќе му овозможат на возилото автономија од 600 километри.