fbpx

BMW iX3 започнува со производство во 2020. година

По претставувањето на концептот iX3 во април 2018. година, BMW напорно работи на развој на производствената верзија на целосно електричниот кросовер

Германската компанија конечно откри некои технички податоци за моделот iX3, а производството ќе започне во текот на 2020. година за светскиот пазар и ќе биде заеднички проект со компанијата BMW Brilliance Automotive во Шенгјанг, Кина.

Пред се, производствениот iX3 ќе користи батерија со капацитет од 74 kWh која ќе му обезбеди домет од 440 километри со едно полнење според WLTP стандардите.

Новиот кросовер на BMW ќе биде придвижуван од петтата генерација eDrive електричен погонски систем, а од BMW гордо истакнуваат дека самостојно ги развиле сите компоненти. Технологијата е прилагодлива во секоја смисла, па ќе може да се користи за различни концепти на возила.

Познато е дека електричниот мотор ќе развива 286 КС и 400 Nm вртежен момент, а силата ќе се пренесува исклучиво на задните тркала. BMW е особено горд на малата потрошувачка на енергија која изнесува 20 kWh на 100 километри.

BMW сам ги произведува компонентите за напојување

Германската компанија презема поинаков пристап кон развојот и производството на електричниот погон за разлика од многу негови ривали. Не се користат ретки метали за производство на моторот, а компанијата купува кобалт и литиум директно од рударските компании наместо преку посредници. Со тоа, сите компоненти кои го напојуваат iX3 ќе бидат производени од самата компанија, наместо од добавувачи.

Кога станува збор за самиот изглед, не се очекуваат драстични промени. Според шпионските фотографии, може да се забележи дека iX3 ќе изгледа како електричен X3. Клучната разлика е во тоа што дизајнерите ја затворија отворената решетка на концептот. Инженерите се соочија со проблеми за да развијат сензори што ќе можат да работат преку хромираните површини, бидејќи дизајнерите дојдоа до заклучок дека замената на конвенционалната решетка со новата „бубрежна“ решетка придонесува автомобилите да не изгледаат како да припаѓаат на BMW.

Со доаѓањето на целосно електричниот модел iX3, X3 ќе стане првиот модел на BMW достапен со конвенционални бензински и дизелски мотори, како и со plug-in хибриден и целосно електричен погон.

Поврзани вести

Back to top button