fbpx

BMW, Jaguar Land Rover и Porsche ги здружуваат силите

Единиците на автомобилските производители BMW, Jaguar Land Rover и Porsche ги спојуваат силите во областа на сервисните услуги за време на патување, со што ќе вложат сериозна сума во американската компанија Urgent.ly. Фирмата нуди помош на патот користејќи модерна дигитална платформа која е целосно е изработена од нив.

Urgent.ly е основана во 2013 година и претставува комплекс услуги за итна помош на патиштата на САД, Европа и Азија. Системот ја одредува локацијата на возилото и информира за најблискиот сервис, кој располага со потребната опрема за отстранување на дефектот.

Целата операција – од пресметување на времето за пристигнување на помош до системот за проценка на штетите на возилото, се врши со помош на еден дигитален комплекс.

Во случајот фондовите на Jaguar Land Rover, BMW и Porsche имаат инвестирано вкупно 21 милиони долари. А, BMW планира да ја вклучи и својата сопствена служба за помош на патот.

Поврзани вести

Back to top button