fbpx

BMW ќе ја претстави Neue Klasse платформата со нов ЕВ седан

Германскиот производител BMW се подготвува за следните чекори од електрификацијата со Neue Klasse платформата која е во развој

BMW подготвува големи промени во својата стратегија, а меѓу нив е и новата Neue Klasse платформа. Оваа архитектура ќе ги замени FAAR и CLAR архитектурите, а модуларниот дизајн со кој ќе се одликува ќе овозможи погон на предните, задните и сите четири тркала, различни батерии и различни должини на меѓуоскиното растојание, ширина на трагите, висина на возилото и големина на тркалата од 18 до 22 инчи.

Според информациите на Autocar, модуларната архитектура ќе биде претставена кон крајот на 2025 година во форма на целосно електрична алтернатива на BMW Серија 3 и е подготвена да ги поддржи сите модели во идниот опсег на BMW. Електричните модели базирани на Neue Klasse се очекува да содржат барем 50 проценти од глобалната продажба на BMW до 2030.

Платформата ќе се произведува од алуминиум и високо цврст челик, а покрај целосно електрични возила, ќе поддржува и plug-in хибриди и погони со водородни горивни ќелии. Франк Вебер, шефот за истражување и развој во BMW, вели дека Neue Klasse ќе биде подлогата за идните модели почнувајќи од Серија 2, па се до X7.

Поголем опсег на движење

Првиот модел кој ќе ја користи новата платформа ќе биде нов електричен седан со кодно име NK1 кој ќе служи како алтернатива за следната Серија 3. Се очекува да ја добие шестата генерација на електричен погон на BMW со поефикасни електромотори, комбинирани со 800-волтни батерии со висока густина кои ќе овозможат подолг опсег на движење од околу 700 километри и со 350kW полначки можности.

BMW Neue Klasse

Во согласност со новиот тренд во автомобилскиот свет, NK1 ќе користи одржливи материјали и ќе се фокусира на малата тежина. Исто така се очекува да ги добие најновите технологии кога станува збор за инфозабавата и конективноста. Кога станува збор за дизајнот, новиот модел на BMW ќе претстави нови пропорции и подолго меѓуосовинско растојание за подобра искористливост на ентериерот.

NK1 се очекува да дебитира до крајот на 2025 година, по i4, i5 и i7 електричните седани кои ќе бидат базирани на актуелната CLAR архитектура.

Поврзани вести

Back to top button