BMW планира да лансира големо кросовер-купе X8
Германскиот гигант BMW во иднина размислува за лансирање на сосема нов SUV, кој ќе се вика X8
Во зависност од модификација, овој автомобил ќе им конкурира на модели како Range Rover Velar, Audi Q8, Bentley Bentayga, Lamborghini Urus и Rolls-Royce Cullinan.
Според информациите на некои медиуми, кои се повикуваат на официјални претставници на брендот, новиот модел X8 ќе се нуди во различни верзии. Основната ќе се позиционира како ривал на Range Rover Velar и Audi Q8 додека модификациите со највисока опрема ќе и конкурираат на Bentley Bentayga, Lamborghini Urus и Rolls-Royce Cullinan. Идното X8 ќе биде изградено на основа на водечкиот SUV на марката -BMW X7 и ќе претставува луксузно крос-купе. Сличен пристап во пракса Баварците направија со моделите X4 и X6 врз основа на изведбите X3 и X5.
Се очекува новата спортска крос-купе изведба да дебитира во 2020 година, а ќе се произведува во фабриката на BMW во Спартенбург, во САД. За да се направи тоа ќе се користат најквалитетни материјали, како и најсовремени технологии и системи. Агрегатската понуда ќе биде доста богата, вклучувајќи и хибридна модификација, како и М-верзија.