BMW M откри четири нови дизајни за M4 GT4
BMW групацијата одржа натпревар неодамна во кој учествуваа 30 дизајнери со обид да дојдат до неколку нови изгледи за M4 GT4 тркачкиот автомобил
Преку натпреварот за дизајнерите BMW пронајде неколку нови дизајни за својот M4 GT4. Задолжен за оценување на дизајните и одлуката за победниците ја имаа дизајнерскиот шеф на BMW Адриен ван Хојдонк, дизајнерскиот директор Домагој Докец, шефот на BMW M Маркус Флаш и директорот на BMW Motorsport Јенс Маркарт. На крајот, тие се одлучија за четири дизајни.
Откако четирите финални дизајни беа избрани, тие беа аплицирани на M4 GT4 користејќи висококвалитетна фолија. Дизајнерите кои победија на натпреварот со Јулија Квентин од BMW Motorrad од Минхен, Сајмон Хејнс од Rolls-Royce Design од Гудвуд, Веселка Мандова-Мајер од Designworks во Лос Анџелес и Ли Тианјан од BMW i Design од Минхен.
Како материјален и дизајнер за бои во BMW Motorrad, Јулија Квентин се фокусираше исклучво на големите геометриски фигури кога станува збор за M4 GT4, поради што се одлучи за проминентна инклузивност на бројот „04“.
Од друга страна, Сајмон Хејнс како дизајнер на Rolls-Royce Motor Cars Design, односно дизајнер во дивизијата за каросерии, одлучи да го оживее и да ја реинтепретира легендарната BMW Racing шема од 70-тите години на минатиот век.
Веселка Мандова – Мајер од Designworks, која е родум од Бугарија, повлече инспирација од класичните BMW M бои (светло сина, темно сина и црвена) и се насочи кон главната карактеристика на моделот, а тоа е бројот 4.
На крајот, тука е Ли Тианјан од BMW i Design, кој во својот дизајн одлучи да инкорпорира дизајнерски елементи и влијанија од својата родна земја Кина во своето дело, па оттаму и калиграфијата и двете рипки кои во кинеската култура претставуваат перфекција и среќа.