fbpx

BMW најавува продолжување на недостигот на полупроводници

Глобалниот недостиг на полупроводници и микрочипови е само една од последиците кои ја зафатија автомобилската индустрија за време на ковид пандемијата

Со оглед на тоа дека глобалниот недостиг на полупроводници продолжува и понатаму, надежите за брзо решение на проблемите со снабдувањето стивнуваат. Од BMW велат дека очекуваат континуираниот недостиг со овој клучен елемент во производството на новите автомобили да продолжи и во втората половина од годината.

„Снабдувањето со полупроводници е критично. Изгледите за втората половина од годинава исто така остануваат критични. Првичната претпоставка, дека целата ситуација ќе се стави под контрола за брзо време и дека ќе се покрие помалку или повеќе првата половина од годината, е тешка“, вели Милан Недељковиќ, шефот за производство на BMW, а пренесува Reuters.

Голем број производители забележаа зголемување на продажбата во првите два квартали на 2021, откако побарувачката драстично се зголеми на пазарот по олабавувањето на Ковид-19 мерките и рестрикциите. Но, истовремено, снабдувањето со полупроводници се намали, а дилерите остануваат со се помалку нови автомобили со кои можат да ги заменат оние продадените.

Недељковиќ истакна дека загубеното производство на BMW достигнало околу 30.000 единици досега оваа година и откри дека се можни недостатоци и за втората половина од годината.

Проблемот се зголемува додека автомобилските производители се натпреваруваат да произведат технолошки што е можно понапредни автомобили кои бараат се повеќе и повеќе микрочипови. За да се спротистават на овој проблем, некои дури започнаа и продажба без одредени карактеристики се со цел да ги донесат до продажните салони.

Без стабилното снабдување со микрочипови и надоместување на заостанувањата, одлуките наскоро би можеле да станат уште потешки за автомобилските производители.

Поврзани вести

Back to top button