BMW објави нови фотографии од M4 заедно со M4 GT3

Тизер кампањата за новиот BMW M4 продолжува откако баварската компанија одлучи да објави нови фотографии од моделот заедно со тркачката верзија M4 GT3

BMW ги нарече M4 и M4 GT3 „две икони дизајнирани за патиштата и тркачките патеки“, а автомобилите беа презентирани со маскирно „одело“ на Red Bull Ring во пресрет на BMW M Големата награда на Штаерска.

Со оглед на тоа дека автомобилите се уште не се подготвени за нивното официјално деби, двата беа камуфлирани. Сето ова сокрива некои стилски детали, но и двата автомобили ја споделуваат масивната предна решетка и слични светлечки групи.

BMW M4

Сепак, BMW M4 GT3 е далеку поекстремен со оглед на тоа дека се карактеризира со истакнат преден спојлер, вентилирачка хауба, како и големо задно крило и огромен дифузер. И додека двата автомобили имаат различна мисија, двата се напојуваат со шестцилиндричен TwinPower Turbo мотор. Од компанијата не се подготвени да споделуваат детали за тркачкиот автомобил, но претходно потврдија дека „обичниот“ M4 ќе има битурбо 3,0-литарски шестцилиндричен мотор кој ќе испорачува 480 КС во стандардната, односно 510 КС во Competition верзијата.

BMW M4

Базичниот M4 ќе се нуди со шестстепен мануелен менувач, додека Competition ќе има осумстепен автоматик. Исто така, купувачите ќе можат да бираат меѓу погон на задните и на сите четири тркала.

BMW M4

Новиот M4 ќе биде претставен во септември, додека BMW M4 GT3 ќе се натпреварува во одредени трки во 2021. Тркачката верзија ќе добие целосен календар за 2022 и ќе го замени M6 GT3 на врвот на понудата на BMW кога станува збор за спортските модели.

Поврзани вести

Back to top button