BMW објави три нови верзии на Z4
Третата генерација на BMW Z4 Roadster дебитираше пред еден месец на натпреварот за дизајн на Peble Beach, а сега производителот ги откри сите детали за моделот
Светската премиера на моделот ќе се одржи на саемот за автомобили во Париз во октомври. Неговото производство ќе започне во ноември, додека продажбата се очекува во март следната година. Димензиите на новиот BMW Z4 се ширина – 1.864, висина – 1.304 mm и растојание помеѓу две оски 2.470 mm. Споредено со неговиот претходник е за 85 mm подолг, 74 mm поширок и 13 mm повисок. Меѓуоскиното растојание е намалено за 26 mm. Кровот е електрично контролиран, се подига или спушта за 10 секунди со брзина до 50 km/h.
Моделот е веќе прикажан во верзијата M40i First Edition, а сега излегуваат уште три модификации – sDrive20i Roadster, sDrive30i Roadster и M40i.
За разлика од First Edition, тие нема да бидат произведени во ограничена серија и наскоро ќе бидат достапни за нарачка. Z4 sDrive20i се потпира на 2.0 литарски 4-цилиндричен турбо мотор со 197 КС. Комбиниран е со 8-брзински автоматски менувач кој пренесува моќ на задните тркала.
Следна верзија – sDrive30i, го доби истиот мотор, но со зголемена моќност на 255 КС и 400 Nm. Преносот е исто така на задната оска, со забрзување од 0 до 100 km/h за 5.2 секунди.
Z4 M40i и верзијата First Edition, е опремен со 3.0 литарски турбо V6 мотор, со 382КС и 500 Nm. Ова овозможува автомобилот да достигне 100 km/h од местото за 4,4 секунди.
Стандардната опрема на BMW Z4 вклучува LED фарови, кожен салон (може да биде комбиниран со алкантара), систем за нагло сопирање со препознавање на пешаци и функција за предупредување за опасност со активирање на сопирачките. Како опции за одделно се нудат адаптивни светла, активен круз контрол со функција Stop & Go, препознавање на сообраќајните знаци, асистент за паркирање, информациско-забавен систем со нов последната BMW 7.0 верзија.