BMW и официјално го покажа новиот Z4
По неколку месеци, по покажаните тизер слики, шпионски фотографии и патентни скици, BMW конечно го ретстави официјално новиот родстер, моделот Z4
Ова се случи за време на Pebble Beach Concours d’Elegance во Монтереј, во САД. За голема радост на фановите на баварскиот бренд, готовиот сериски модел Z4 изгледа прилично подобро отколку шпионските фотографии, тизерите, скиците… Машината има класични пропорции на спортски родстер со кратки пропусти и долга хауба. Под неа барем за моментов се крие 3.0-литарски 6-цилиндерски турбо бензински агрегат, чија моќ за Европа е 335 КС.
Моторот на Z4 ќе обезбедува забрзување од место до 100 km/h за 4.5 секунди.
Во ентериерот место наоѓаат head-up дисплеј, дигитална табла и последната генерација на инфозабавниот систем на Баварците. Се очекува сите детали на моделот, вклучувајќи информации за останатите мотори, цени и капацитети, да бидат откриени на почетокот на октомври, во Париз.