BMW планира да го зголеми производството на i3 и i8
BMW објави дека се реализирани повеќе од 10.000 plug-in модели и електрични автомобили во мај, што значи зголемување на продажбата на повеќе од 39 проценти
Побарувањата на BMW i3 и i8 се навистина големи, па компанијата планира да го зголеми производството за 50%, односно 200 примероци дневно, од оваа есен. Во првите пет месеци од годината, вкупната продажба на ваков вид возила достигна 46.849 во рамките на BMW Group.
Така, учеството на овие модели во вкупното производство на BMW Group порасна на 5%, иако постојат пазари каде што тој процент е многу поголем.
Во САД, овој процент е 7%, Велика Британија е исто така блиску до 7 %, но постојат пазари каде што електрифицираните модели сочинуваат повеќе од половина од BMW и Mini продажбата. Норвешка е очекуван лидер во оваа насока со 4.125 продажби и 5,8% раст, а изненадувањето доаѓа од Малезија – 2.313 продажби и раст од 37,9 проценти.