BMW подготви специјални верзии за X5, X6 и X7
Баварскиот гигант подготви специјални едиции на своите SUV модели X5, X6 и X7 кои го добиваат називот Black Vermilion Edition и Frozen Black
Германскиот производител има нова затемнета верзија на своите популарни SUV модели наменети за европскиот пазар. BMW X5 и X6 добиваат нов изглед благодарение на Black Vermilion Edition, додека X7 добива Frozen Black верзија. Секоја од специјалните верзии се одликуваат со затемнети естетски промени.
Најголемата карактеристика кај BMW X5 и X6 Black Vermilion Edition е целосно црната шема. Моделите се одликуваат со BMW Individual Frozen Black металик финиш, Shadow Line M фарови и црвени акценти на решетката, додека истата кај X6 е осветлена. Двата автомобили исто така пристигнуваат и со M Sport Package, кој е составен од карактеристични предни и задни делови, M Shadow Line трим и Orbit Grey 22-инчни тркала од лесна легура.
Промените завршуваат со сјајно црните M Sport шапи на сопирачките, кои се истакнуваат во однос на остатокот на автомобилот и се комплементираат со акцентите на решетката.
Ентериерот на Black Vermilion Edition добива M Alcantara Anthracite обвивка на внатрешноста од покривот, Edition лого на централната конзола која е во BMW Individual црн пијано финиш, стаклен iDrive контролер, селектор за брзини и старт-стоп копче, како и BMW Individual Fineline Black дрвен трим со алуминиумски елементи. Тапацирот е во BMW Individual Merino Black кожа со црвени конци на предните седишта, додека X5 го добива истиот елемент и на задните седишта.
X7 Frozen Black
Исто како и овие модели, така и X7 добива своја специјална едиција, едноставно наречена X7 Edition in Frozen Black Metallic. Како што сугерира и самото име, ја добива истата Frozen Black металик боја како X5 и X6, заедно со сјајно црни M Sport шапи на сопирачките кои се наоѓаат зад 22-инчните 758 тркала од лесна легура во Orbit Grey мат финиш. Екстериерот пристигнува со M Sport пакетот и M Shadow Line трим, додека во ентериерот ги добива истите карактеристики како и X5 и X6.
Сите три специјални верзии на возилата ќе бидат лансирани на почетокот од август. Цените во Германија почнуваат од 93.200 евра за X5 Black Vermilion, 100.700 evra za X6 Black Vermilion, како и 108.700 евра за X7 Frozen Black.