fbpx

BMW подготвува одговор на Rolls-Royce Cullinan

Компанијата BMW го заштити индексот X8 и ќе предложи луксузен кросовер со тоа име

Стандардните верзии ќе им конкурираат на моделите на Range Rover и идното Auid Q8, а топ-изведбата ќе биде директен ривал на Bentley Bentayga, Lamborghini Urus и Rolls-Royce Cullinan. Директорот на одделот за развој на баварскиот концерн, Клаус Фројлих, потврди за Autocar, за претстојното излегување на сличен модел, но одби да открие детали. Причината е тоа што раководството на BMW сé уште не донело конечна одлука за тоа како да се креира луксузниот автомобил.

Првата опција е стандардна – BMW X8 да стане купе верзија на идното X7 што ќе се појави на пазарот до крајот на годината. Така Баварците направија со X5, кој беше претворен во крос-купе X6, како и со X3, кој по преработка на каросеријата стана X4.

Втората можност е новото X8 да претставува продолжена варијанта на X7, а ќе има простран салон и прав покрив. Во секој случај, кросоверот ќе биде испорачан со 4 или 5 седишта, додека X7 ќе има верзија со 7 седишта. Идејата е да се фокусираат на луксузот и удобноста на патниците.

BMW

Сепак, димензиите на идниот BMW X7 овозможуваат проширена верзија. Должината на моделот е 5.020 mm, а растојанието помеѓу двете оски е 3.010 mm. Кај Mercedes-Benz GLS овие индикатори се 5.131 и 3.076 mm, а кај стандардниот Range Rover – 4.999 и 2.922 mm.

Во секој случај, новиот BMW X8 ќе биде најскапиот модел на баварскиот производител. Се очекува тоj да излезе на пазарот во 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button