BMW покажа детли од новата 3-ка
Новата генерација на BMW 3 ќе ја користи CLAR- платформата на која се изградени сериите 5, 6 и 7
Од компанијата веќе потврдија дека новиот модел ќе има коефициент на аеродинамичен отпор едвај 0,23 и ќе се нуди со најмоќниот сериски 4-цилиндричен мотор во историјата на BMW. Но палетата мотори ќе стартува со 1.5 литарскиот три цилиндричен турбо мотор, додека врвот ќе биде 3.0 литарскиот шест цилиндричен мотор за M340i.
BMW ќе понуди најмалку две електрични верзии на новата 3-ка, која ја носи ознаката G20.
Баварскиот бренд објави видео посветено на новата 3-ка, кое го покажува процесот на составување на новиот модел – од производството на шасијата до контролата на квалитетот на готовите автомобили. Сината боја на автомобилот во видеото е практично дел од сериското производство, што значи дека можеме да ги очекуваме цените на новата 3-ка веднаш по премиерата во Париз.